
Претседателот на италијанскиот фудбалски великан Јувентус, Андреа Ањели, призна во средата дека пропаднал проектот за основање на Суперлигата, и тврди дека шесте англиски премиерлигашки клубови се откажале од елитното натпреварување по интервенцијата на британската власда и премиерот Борис Џонсон.
Ањели рече дека британските власти се заканиле со носењето на законите кои би го спречиле учеството на Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул и Челзи во Суперлигата.
„Слушнав приказни дека дека британските политичари тоа би го сфатиле како напад на Брегзитот“, рече Ањели.
Само 48 часа по основањето на Суперлигата, тој пропадна бидејќи под притисок на јавноста и публиката го напуштија шесте споменати клубови од англиската Премиер лига, а во средата нивниот пример го следа и шпански Атлетико Мадрид, и италијанските Интер и Милан, па во проектот останаа само три клуба: шпанските Реал Мадрид и Барселона и италијански Јувентус.
Запрашан во разговорот за Reuters дали проектот, сепак, би можел да се оствари, Ањели вели „Искрено, тоа не е возможно“.
Ањели е убдеден дека на европскиот фудбал му се потребни промени, и дека не му е непријатно поради налинит ја кој се обиделе да ја остварат Суперлигата.
„За само 24 часа неколку клубови ме прашаа дали би можеле да се приклучат. Нема да ви кажам колку клубови, но јас сум и натаму убеден во убавината на овој проект“, вели челникот на најтрофејниот италијански клуб.
Андреа Ањели беше и претседател на Европското здружение на фудбалските клубови (ECA), но откако беше откриен планот за создавање на Суперлигата поднесе оставка и стана потпретседателот на лигата на најбогатите клубови, а за челник беше избран претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.