
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на ден 15.04.2021 година одржа мирен протест организиран со автомобили, заради почитување на мерките за заштита од ширење на заразата со Ковид-19 и заштита на здравјето на учесниците.
Но, иако протестот беше уредно најавен и уредно беше пријавена рутата и улиците и булеварите по кои ќе се движи поворката со автомобили, надлежните од Министерството за внатрешни работи постапија спротивно на одредбите од членовите 78, 79, 205 и 206 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи.
Имено, полицијата “намерно” неколкупати свесно и со намера и цел пропушташе возила од спротивната страна директно од страната на движење на возилата од протестот (крстосница Палома бјанка и др.) со цел мешање на возилата од двете насоки и намерно доведување до загрозување на личната сигурност и имотот на учесниците на самиот протест како и сигурноста на другите граѓани.
Оттука се гледа дека КСС им пречи на претставниците на Владата не само во рамки на социјалниот дијалог, за што и ја кочат нашата репрезентативност неразумно долго, односно скоро две години, туку КСС им пречи и кога ќе излезе на улица да го искаже револтот.
Во прилог на ова соопштение Ви доставуваме снимки од дрон кои го докажуваат погоренаведеното.