Евролига: Победи на ЦСКА и Зенит

Руските екипи во кошаркарската Евролига, ЦСКА од Москва и Зенит од Санкт Петербург поведоа со по 1-0 во четвфртиналните соочувања против Фенербахче односно Барселона во дуелите одиграни во средата вечерта.

ЦСКА како домаќин беше убедлива против турски Фенербахче со 92:76, додека Зенит како гостин ја изненади фаворизираната Барселона со 76:74.

Московскиот тим до првата победа во разигрувањето со Фенербахче го предводеа Дание Јакет и Вил Клибарн со по 20 коша, додека на гостите од Истанбул не им помогнаа ниту 27-те поени на разиграниот Нандо Де Коло.

Најзаслужен за победата на Зенит во Барселона беше Кевин Пангс со 19 поени, Вил Томас додаде 12 поени, додека Брендон Дејвис со 18 и Кори Хигинс со 15 коша ја водеа Барселона. Меѓутоа, токму Хигинс на крајот на мечот не реализираше шут за „тројка“ за победа на Каталонците.

Во вторникот до првите победи дојдоа и Анадолу Ефес против Реал Мадрид со 90:63 и Армани Милано против Баерн со 79:78. Овие двојки вториот натпревари ќе ги играат веќе денеска.

На завршниот турнир на четирите најдобри ќе се пласираат екипите кои први ќе остварат по три победи.