Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 22 степени

Времето во четвртокот во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови.

Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 Целзиусови степен.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 Целзиусов степен.

Уште во петок утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст. Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.