
Во мечот од 31-то коло на шпанското фудбалско првенст во средата вечерта Реал Мадрид на гостивањето го победи Кадиз со 3:0, барем привремено израмнувајќи се на врвот на табелата со водечкиот градски ривал Атлетико Мадрид.
Целата работа на стадионот „Рамон де Каранц“, Реал ја завшри во последните 15 минута од првото поливреме, кога беа постигнати суте три гола. Два постигна Карим Бензема, во 30 од пенал и во 40 минита, а во меѓувреме во 33 минута погоди и Алваро Одризола,
Со оваа победа Реал го стаса Атлетико, двата клуба имаат по 70 бодови, но Атлетико има и меч помалку.
Трета е Севилја со 67 бодови од 32 кола која во средата голот на Јусеф ел Насри во 53 минута оствари гостинска победа над Леванте, а четврта е барселона со 65 бодови но од 30 кола.
Осасуна со 3:1 ја победи Валенсија. Головите за домашните ги постигнаа Хави артинез во 12, Жонатан Каљери во 32 и Роберто торес од пенал во 67 минута, додека стрелец за гостите беше Кевин Гамеиро во 30 минута. Осасуна моментално е осма со 40 бодови, а Валенсија е 14-та со 35 бодови.
Реал Бетис и Атлетик Билбао ремизираа без голово, а без победник но со резултат 1:1 одиграа и Елче и Реал Вајадолид, додека Алавес со 2:1 го победи Вилјареал.
Денеска се играат натпреварите Атлетико Мадрид – Уеска, Гранада – Еибар, Реал Сосиедад – Селта Виго и Барселона – Хетафе.