
Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа, утре без струја ќе останат корисниците од дел од општините Гази Баба, Зелениково и Карпош.
Како што соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од околина на сервисот за Автомобили, „КРОС“ улица „Хусеин Бајрам“.
Од 08:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од Зелениково во потегот од општината, до излезот кон селото Страхојадица, а од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците „Релинска“, „Стрезово“ и „Козле“.