
Русија започна во четвртокот утрото започна а рано попладнето ги заврши ненадејните воени маневри чија цел била проверка на борбената готовност на силите стационирани на црноморскиот полуостров Крим кој по превратот во Киев во март 2014 година изгласа враќање на автономијата укината во 1990-те и присодинување на Руската Федерација, а вежните лично ги надгледуваше рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Следејќи ги маневрите кои предизвикаа загриженост во Украина и на Западот, Шојгу ги надлетувал со хеликоптер областите во коишто се распореден и руските војници и софистицираната воена опрема, и ја проверувал подготвеноста на поморски и копнените сили.
Според руските агенции, во маневрите биле вклучени околу 10.000 војници и 40 бробени бродови.
„Сметам дека целите на ненадејната проверка целосно се постигнати. Војниците покажаа способност е да обезбедат сигурна одбрана на зејата. Поради тоа донесов одлука да ги завршам активностите за проверка во Јужниот и Западен воен округ“, изјавил Шојгу на Крим на средбата со командатите на поморските и воздушните сили на полуостровот.
Шојгу наредил командантите на вуздухопловните сили да го планираат и започнат од петокот 23-ти април „враќањето на трупите на локациите на нивниот траен распоред, да извршат детална анализа и да ги сумираат резултатите од ненадејната проверка“.
Шојгу по надзорот на вежбите на Крим изјави дека војската мора да биде подготвена брзо да реагија во случај на „неповолен“ развој на ситуацијата имајќи предвид на вежбите на НАТО во лизина на руските граници.
Вежбата на НАТО под наслов „Defender Europe“ е мултинационална воена вежба која ги предводи армијата на САД еднаш годишно и осмислена е за градење на подготвеноста и интероперабилноста меѓу американските и другите војници од Алијансата, како и другите партнери, во случајот се чини Украина. Од март до јуни повеќе од 28.000 војници од 26 земји ќе одржат вежба на повеќе од 30 полигони во десетина земји.
Русија наспроти тоа до 1-ви мај ќе ги врати на местата на постојаните стационирања на единиците кои учествуваа во маневрите на југот од земјата. Истовремено се најавуваат и стратешките маневри „Запад-2021“ со учество на 41-та Комбинирана армија
Кремљ претходно во четвртокот неодредено ги коментираше повикот на украинскиот претседатл Владимир Зеленски за средба со рускиот колега во Владимир Путин на одметната рускојазична источна украинска област Донбас на која би се разговарало за новата криза.
„Доколку претседателот тоа го смета за неопходно, сам ќе одговори. Сега немам што да кажам за тоа“, изјавил за новинарите портпаролот на Кремљ, Дитриј Песков.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбнедноста политика Жозеп Борел во понеделникот изјави дека Русија наводно распоредила дури повеќе од 150.000 војници во близина на границата со Украина. Брисел во вторникот, без да каже од каде потекнуваат податоците на Борел, во соопштение се коригираше дека станува збор за 100.000 руски војници, а американски функционер за Reuters потврди дека Русија трупа војска на украинските граници, но и дека не знае од каде податоците за големата бројност ја имаат во ЕУ.