
Скопските пожарникари вечерва интервенираа во населбата Автокоманда каде се запалил камион, објави 24 Инфо.
Според очевидци, запалениот камион е кај последната станица на автобусот „бр.2“ спроти фабриката „Алкалоид“.
Пожарот е локализиран, но од Противпожарната бригада уште се на терен и немаат информации за опожареното возило и причините за опожарувањето.