Вработен во италијанска болница 15 години не одел на работа

Ospedale Pugliese di Catanzaro

Вработен во една италиканска болница е обвинет дека 15 години не се појавувал на работното место а примал полна плата со што заработил над половина милион евра, пренесуваа локалните медиуми.

Мажот, за кој истрагата е поведена од претходно, навдоно престанал да доаѓа на работа во билницата на „Пуљизе Чaчо“ во јужниот град Катанцаро во 2005 година, пренесуваат медиуми. Сега е под истрага поради измами, изнуди и злоупотреба на позиција, пренесува италијанската новинска агенција Ansa.

Во текот на годините кои не ги минал на работа, 66-годишниот Салваторе Скумаце, според пресметките му биле вкупно исплатени 538.000 евра.

Шест болнички менаџери, исто така, се под истрага за наводното изостанување од работните места и измами во италијанскиот јавно здравство. Апсењата се резултат за долготрајна полициска истрага за изостанување од работата и измами во италијанскиот јавен сектор, за што медиумите пишуваа уште пред десетина години.

Вработениот за кој денеска известуваат медиумите, бил државен службеник, а на работно место во болницата бил распореден во 2005 година. Тогаш престанал да доаѓа на работното место, се наведува во соопштението на полицијата.

Исто така, обвинет е дека му се заканувал на својот надреден да не го пријавува. Претпоставениот подоцна се пензионирал, додава полицијата, а другите не забележале дека вработениот воопшто не доаѓа на работа.