
Од Основниот Кривичен суд Скопје за веста дека избегало осомничено лице кое се спроведувало до судот, ја информира јавноста дека станува збор за настан што се случил надвор од Судот, а не во неговите просториите, за што е задолжена затворската полиција.
-Имено, се работи за обвинет кој бил спороведен во Судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, појаснуваат од Кривичен суд.
Воедно, во соопштението посочуваат дека за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната Казнено поправна установа и МВР.