Во Индија повторно рекорден број нови коронаинфекции, несреќи во болниците

Индиските здравствени власти го потврдија во петокот рекордниот број дневен број на нови зарази со коронавирусот во светот втор ден со ред со повеќе од 330.000 нови коронаинфекции, а здравствениот систем е пред колапс зафатен со ициденти и несреќи.

Во изминатите 24 часа во Индијаа, исто така, починале рекордни 2.263 лица, соопшти Министерството за здравство. Функционерите од сојузните држави во северна и западна Индија, вклучително и главниот град Њу Делхи, предупредуваат дека болниците се преполни и дека имаат недостиг од медицински кислород. Болниците во Индија имаат недостиг од кревети и кислород, а на полицијата ѝ е наредено да ги снабди со резерви со кислород

Новинската агенција The Press Trust of India (PTI) објави дека 25 пациенти со Covid-19 починале во болницата „ Sir Ganga Ram“ во Њу Делхи во изминатите 24 часа а уште 60 вакви пациенти се изложени на ризик поради сериозната криза со снабдувањето со килсорот. Во извештајот се цитираат неименувани официјални лица дека „кислород со низок притисок“ може да бил најверојатната причина за смртта на овие пациенти.

Во нов пожар во ковид-болница во западна Индија во петокот има најмалку 13 жртви. Претставник на противпожарната служба изјавил дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега во билницата „ Vijay Vallabh“ во предградие на индиската финансиска престолнина Мумбаи.

Во средата 24 пациенти со коронавирус умреа во болница во градот Нашик во сојузната држава Махараштра, поради прекин во снабдувањето со кислород предизвикан од истекување од резервоарот. На 26-ти март девет лица заразени со коронавирусот загинаа во пожар во болница во Мумбаи.

Индија во петокот потврди 332.730 нови коронаинфекции, што е зголемување во однос на четвртоткот кога пријави 314.835 нови зарази. Со тоа ги надмина досегашниот свој и рекорд во светот и го надмина рекордот на САД од јануари која пријавија 297.430 зарази во еден ден.

Канада поради ваквата ситуација ги забрани летовите од Индија. Претходно тоа веќе го сторија и Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.