Општина Аеродром неколкукратно ги натплаќа канделабрите

Откако во четвртокот советници од скопската општина Аеродром известија дека градоначалникот Златко Марин платил далеку повисоки 15.000 денари за еден метален кошаркарски обрач, во петокот на социјалните мрежи беше објавено дека истата општина плаќа и до 2.000 евра за коплетна канделабра, додека пазараната цена изнесува околу 300 евра.

„Челичен столб за канделабра – 3️⃣4️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ денари
Лед сијалица за канделабра – 4️⃣8️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ денариЕдна комплетна канделабра во Општина Аеродром со овие цени чини околу 2️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ €, доколу се додаде ДДВ, темелење, инсталација. А пазарната вредност не е повеќе од 3️⃣0️⃣0️⃣ евра.

Вакво крадење народни пари немало. Златко Марин, свесен си што правиш?

ДКСК, ДЗР, ОЈО ќе реагирате или ќе го аминувате ова бандистко, криминално владеење?

Со заштеда на средствата од јавните набавки, #Аеродром може да има уште еден нов парк, нова вело патека, нова градинка, ново игралиште, спортска сала…

Но, градоначалникот во заминување решил да купува канделабри од 2.000 €.„, објави Дејан Митевски

 

 

https://www.facebook.com/dmiteski/posts/10226143504763228