
Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјата е 1.528 и има околу 550 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјата надвор од градот Скопје каде се хоспитализиран 596 ковид-пациенти, е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациент позитивен и суспектен на Covid-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 76 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 98, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 23 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 37, Кавадарци 57, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.