17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Манипулациите на СДСМ веќе не минуваат кај граѓаните

Владејачката СДСМ навистина стана несериозна партија и нивните манипулации веќе не минуваат кај македонскит граѓани, оцени претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во саботата вечерта во гостување во дневникот на телевизија Сител и посочи дека утрешниот протест е семакедонски протест во кој земаат учество сите граѓани на Македонија.

„СДСМ навистина стана несериозна партија. Никола Груевски веќе две–три години е во Унгарија јас како што знам. Ова е семакедонски протест. Утре ќе биде еден од најмасовните протести што се случиле во Македонија. Тоа не може еден човек да го организира, ниту пак може Никола Груевски од Будимпешта тоа да го организира“, нагласи Пандов.

Пандов додаде дека целото владеење на СДСМ се заснова само на Никола Груевски, тие дојдоа на власт со црна кампања против него и до ден денеска само тоа го говорат, наместо да направат нешто добро за граѓаните, да го подобрат животот како што ветуваа пред избори.

„Секој еден чесен Македонец, секој еден што посакува добро на Македонија чувствува неправда што луѓето се внатре. За да започне било каква правда во Македонија според мене прво нешто што треба да се направи е овие луѓе да се ослободат“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на утрешниот семакедонски протест.p4i