ВМРО-ДПМНЕ реагира: Во една година СДСМ затвори половина земја, а се фали со нашите проекти

СДСМ за едена година ја затвори половина Македонија ја затвори. Над 60.000 граѓани поради СДСМ останаа без своите работни места, околу 6.200 компании се затворија, а ништо не се изгради, се вели во ракцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на владејачката партија дека за седум месеци изградиле 11 детски градинки.

„Срамно е СДСМ да се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи. СДСМ поради својата неспособност дури не ни успеа на време да ги доврши, ниту да ги отвори.вПретходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа за помалку од осум години да изгради 70 градинки низ цела Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека власта и во екот на пандемијата на коронавирусот не ги заштити работничките со продолжување на породилното отсуство.

„Ниту успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, за да мајките не ја губат својата работа или да се приморани самите да даваат отказ за да ги чуваат своите деца, додаваат од таму“.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следуваше откако претходно во саботата СДСМ објави дека Владата преводена од нив и ресорното Министерство за труд и социјална политика „континуирано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки“.

„Во периодот од септември 2020 година па до денеска, отворени се 11 детски градинки и тоа во Куманово, Гостивар, Ресен, Гевгелија, Сарај, Брвеница, Илинден, Боговиње, Лозово, Новаци и Босилово, општини кои во овој период добија нови детски градинки, каде вкупен капацитет на овие објекти е 670 деца. Уште 13 детски градинки со вкупен опфат на 1.408 дечиња треба да бидат адаптирани, доградени или целосно изградени до крајот на годината, според предвидената динамика. До крајот на оваа година, нови детски градинки ќе добијат и општините Струмица, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кочани и Неготино. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува силно посветена на зголемување на капацитетот на детските градинки како во урбаните, така и во руралните општини. Врвните приоритети од кои се води СДСМ се грижата за децата, унапредувањето на детската заштита и условите во градинките и инвестициите во човечкиот капитал“, истакнуваат од СДСМ.

Како одговорна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани, додаваат од таму.