
Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна мирниот протест пред Владата со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27-ти април 2017-та.
На протестот, кој заврши пред Собранието со кусо обраќање, се бараше и оставка на Владата.
Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.
Учесниците на протестот носат транспаренти и маици со кои се бара безусловно ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година.
Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.
Учесниците на протестот пееја патриотски песни и скандираа „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“.
Побараа и оставка од Владата и распишување предвремени парламентатни избори.
На почетокот на собирот мМакедонската химна ја изведоа меѓународно афирмираниот оперскиот првенец Игор Дурловски и пејачката Андријана Јаневска. Дурловски беше еден од обвинетите за настаните од 27 април 2017 во Собранието, но поради недокажаност на обвиението беше ослободен.
За влезот во Собранието во 2017 година, судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. По жестоките реакции на јавноста поради драконските казни во случај кога товарењето за тероризам не беше оправдано со ниеден наводен доказ, апелацскиот суд подоцна ги намали казните, но за само една и две години.