Путин и Бајден би можело да се сретнат во јуни

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Џо Бајден би можела да биде остварена во јуни и веќе „има конкретни датими“, изјави во недалата попмошникот на рускиот челник Јуриј Ушаков во гостувањето на државната телевизија Россия во неделата.

Ушаков појасни дека веќе се разгледуваат конкретни датуми за очекуваниот руско-американскиот самит, но не ги спомен. „Сѐ уште нема да зборувам за нив, но ќе биде во јуни“, додаде.

Како што додаде советникто за надворешна полика на Путин, подготовките за самитот сѐ уште не започнале, но „сигналот е добиен“ и тој ќе биде разгледан.

„Конечната одлука ќе ја донесеме врз основа на низа фактори“, рече Ушаков кој од 1998 до 2008 година беше руски амбасадор во САД.

Новинската агенција РИА ја пренесува и изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој во неделата изјавил дека предлогот за средба на двајцата претседатела „позитивно“ е примен во Москва и оти во моментов се разгледува.

Бајден претходно месецов во телефонски разговор го повика Путин на средба, по тензиите меѓу двете суперсили кои ескалираа во последниот период по низа прашања. Москва, тогаш одговори дека тоа ќе зависи од американското однесување порачувајќи Вашингтон да се откаже од наметнувањето нови антируски санкци кои сепак беа воведени.

Руско-американските односи во март влегоа во најноското ниво од Студената војна, откако Бајден во интервју го нарече Путин „убиец“, а овој му возврати дека веројатно се видел себеси во огледало. Потоа Москва го повлече својот амбасадор од Вашингтон. САД потоа во април воведоа нови санкции поради наводно руско мешање во американските избори во 2020-та, кибернетички напади, наводни притисоци врз Украина и други „непријателски“ активности.