
Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.