Во Германија веројатно ќе има повластици за вакцинираните

Во пресрет на состанокот подоцна во понеделникот на претставниците на сојузната и покраинските влади за натапошниот процес на вакцинирањето против коронавирусот, претставниците на централните власти во Берлин бараа изземање од мерките за вакцинираните и лица кои оздравеле од Covid-19.

Германските медиуми цитираат документ од сојузната влада според кој ќе се дискутира за повластици за граѓаните кои ја примиле вакцината или оздравеле од оваа заразна болест. Тие лица би биле изземени од ограничување на приватните контакти, а оние кои ги примиле двете дози од вакцината би биле ослободени од обврската за тестирање и карантин по враќањето во земјата до странство.

Владата се повикува на процената на референтниот државен епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ дека вакцинираните лица се помалку опасни за пренесување на инфекцијата од оние кои се негативни на тестирањата.

Сојузната министерка за правосудство, Кристине Ламбрехт од Социјалистичката партија на Германија (SPD) ,во разговорот за весникот Handelsblatt појаснува дека не станува збор за повластици, туку за „враќање на темелните права на граѓаните“ кои привремено се укинати поради борбара против пандемијата.

Укинувањето на ограничувањата за вкацинираните лица ги поддржуваат и демохристијанските политичари и претставниците на општините и градовите во парламентот.

„На вакцинираните лица во најкусиот можен рок би требало да им се овозможат сите оние права како и на оние кои се нагетивни на тестот“, вели во разговорот за Sueddeutsche Zeitung, челникот на Христијанско-демократската унија (CDU) и кандидат за канцелар на изборите во септември, Армин Лашет.

Пизитивно мислење за изземењата од ограничувањата за вакцинираните даде и валдината етичка комисија.

„Рамноправниот третман на вакцинираните, оние кои оздравеле од коронавирусот и лицата со негатовен тест не е проблематичен од етички аспект“, изјави претседателката на советот, Алена Михаела Бујкс.

На состанокот на канцеларката Ангела Меркел и претсавнциите на сојузните покраина во понеделникот попладнето би требало да стане збор и за укинување на приоритетот при вакцинирањето. Некои сојузни покраини веќе го укинаа вакцинирањето според приоритетни групи за оние кои сакаат да се вакцинираат со „AstraZeneca“.

На состанокот би требало да стане збор и за тоа лекарите од општа пракса засилено да се вклучат во вакцинирањето на граѓаните.

Првата доза од вакцината во Германија досега ја примиле околу 19 милиони граѓани, или 23 отсто од вкупното население, а двете малку помалку од шест милиони, или 7 отсто.