
На предлог на Министерството за правда на денешната седница е утврден предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица, информира Владата.
Оваа одлука доаѓа согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права.