Рама прогласи победа и ги повика подджувачите на плоштад

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама прогласи победа на парламентарните избори во неделата и ги повика неговите поддржувачи да се соберат вечерва на плоштадот Скендербег да ја прослават победата.

Рама наведе дека во 18:00 часот денеска на плоштадот Скендербег во Тирана ќе се соберат „шампионите на тимовите на покровители, координатори, лидери и пратеници“ и кој сака да се придружи на прославата за победата на изборите.

Според досегашните резултати, владеачката Социјалистичка партија освои 73 мандати, што значи дека има обезбедено мнозинство кое ѝ е потребно во парламентот за формирање на Влада во следните четири години.

Околу 3,6 милиони гласачи, 2,8 милиони граѓани на Албанија и 800 илјади Албанци од странство во неделата бираа 140 пратеници кои во идните четири години ќе ги претставуваат во албанскиот парламент.