
Се разгореа борбите на истокот од Мјанмар во близина на границата со Талјанд ранот утрото во вторникот откако герилците од етничкото малцинство Карен нападнаа и заземаа воена база во еден од најинтензивните судири од пучот на 1-ви февраури и кој ја вовлече азиската земја во криза.
Неколку часа по нападот врз базата на западниот брег на реката Славин која ја прави границата со Тајланд во таа област, војската на Мјанмар изведе воздушни напади неколку часа подоцна врз селата на територијата контролирана од бунтовниците од заедницата Карен, соопштиле за странските новински агенции портпаролот на герилците, висок тајландски службеник и хуманитарен активист.
Портпаролот на Националната унија на Карен (KNU), главната политичка групација на малцинството кое со децении бара поголема автономија од централната влада на Мјанмар, изјавил дека нејзиното воено крило ја нападнала базата во 5 часот утрото во вторникот и дека ја уништило за неколку часа.
Засега не е познат бројот на жртвите на двете страни, рекол претставникот за надворешна политика на KNU, Падох Сав Тау Ни, во писмена изјава за агенцијата Associated Press.
Воената влада на Мјанмар сѐ уште не одоговорила на барањето за коментар. Таа историски се прогласи за институција која може да ја одржи етнички мешовитата земја со повеќе од 53 милиони житечли, иако поголемиот дел од Мјанмар се побуни против пучот.
Движењето KNU, кое контрилира територија во источен Мјанмар во близина на границата со Тајланд, е близок сојузник на движењето на отпорот против воениот врв кој ја собори владата на прмиерката Аугн Сан Суу Кји, обвинувајќи ја за изборна манипулација на последните парламентарни избори и ветувајќи спроведување избори за две години. Военото крило на движењето се нарекува Национална ослободителна армија на Карен (KNLA).
Судирите доаѓаат во време кога владејачката хунта, додека траат обидите на Сојузот на државите од југоисточна Азија (ASEAN) предводени од САД да ги запре судирите во Мјанмар, соопшти дека „позитивно“ ќе ги разгледа предлозите на блокот по викендот исполент со состаноци во Индонезија. Челниците на земјите од југоисточна Азија изјавија дека во текот на викендот постигнале консензус со хунтата за чекорите за запирање на насилствата и промовирање на дијалогот меѓу спротиставените страни во Мјанмар.