
Изминатиов период бевме сведоци на повеќе преседани. Со сите јалови обиди кои ги имаат покажуваат дека прават стратешки грешки. Сакаа да кажат дека се овде за граѓаните, но доаѓањето на корона позитивни пратеници за да се гласа во Собранието само ја ставија во опасност околината и сите во Собранието, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на гостување на радио Лидер во емисјата Неделен брифинг со Сотир Костов.
Според Јанушев изненадување е однесувањето на спикерот Талат Џафери кој на некој начин до сега наоѓал начин да ги балансира работите.
„Ова што сега го прави е само чин на огромна нервоза и нетрпеливост, кои се причините може само да шпекулираме дали има проблеми во коалицијата или некои други, времето ќе покаже“, рече Јанушев.
Пратеникот се осврна особено на тоа што на опозицијата не и нбеше дозволно да дебатира на интерпелација за министерот за звнатрешни работи.
„Тоа не се случило да и се ускрати правото на опозицијата да говори на интерпелација и тоа за министер вмешан во сите афери од пасоши, матични, броеви, наркокартели. Тоа е надвор од секој здрав разум“, рече Јанушев.