Владата на Заев е најнеспособната и најпродуктивната во создавање скандали и афери

Моменталната политичка ситуација во државата, нестабилното парламентарно мнозинство, лошите владини мерки во однос на пандемијата, како и криминалните афери на власта, беа некои од темите на коишто во вторникот сво утринската дебатна емисија на „Радио Лидер“ се осврна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Потенцираше дека актеулната Влада е најнеспособната и најманипулаторската која што некогаш владеела во Македонија, бидејќи наместо реализација на проектите од нивната програма, единствено нешто што реализирале е расцветаниот криминал и криминалните афери на високите функционери.

Николоски додаде дека покрај финансиските криминали на власта, таа си поигрува и со животите на граѓаните, бидејќи не набавија ниту лекарства за лекување на корона вирусот, ниту, пакм, вакцини коишто се неопходни за граѓаните и нивните животи.

„Наместо да се фокусираат на набавка на вакцини и спас на населението, власта се фокусираше на пресметувањето провизии и крадење на народни пари“, рече Николоски.

Посочи дека во време кога граѓаните „се борат за своите животи, Заев и Филипче се возат со мотори, Рашковски и Николовски шетаат во Мексико и Дубаи и оти тоа е реалната слика за политичарите кои што ја водат државата во овој момент и од какви луѓе граѓаните чекаат решенија на нивните проблеми“.

„Скандалите се насекаде низ општеството, бидејќи на дневна основа Владата приредува дузина скандали кои граѓаните и не можат да ги запомнат. Еден од поновите е заканата од страна на Зоран Заев дека ќе го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат поради тоа што не сакал да ги прими рамковните вработувања во неговата институција. Тоа кажува за начинот на кој Заев функционира и за тоа колку е погазена демократијата во државата, штом премиер на држава јавно се заканува на директор поради тоа што не го послушал“, рече Николоски.

„Факт е дека Заев и СДСМ се во страв и паника, а за тоа говорат нервозните постапки на Заев и политичките пресметки дури и со членовите на СДСМ. Правдата и демократијата мора повторно да се вратат во Македонија, а овие луѓе кои ги прекршуваа да одговараат за секој сторен криминал“, заклучи Николоски.