Гостиварец приведен по пријава за обид за обљуба на дваесет години постара сосетка

Гостиварец е приведен ноќта во вторникот откако бил пријавен од доста повозрасната сосетка дека извршил физички напад и обид за обљуба врз неа, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера вечерта го лишиле од слобода 41-годишниот гостиварец Д.В., кој околу 20 часот во нејзиниот семеен дом физички ја нападнал 61-годишната сосетка, а се обидел и да изврши обљуба“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Осомничениот е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот.