
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 47-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин “Блаце”, во патничкото моторно возило БМВ со скопски регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 ml хашиш масло.
При претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот во Скопје, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.