
Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 29 степени.