
Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов потенцира дека повеќе високи функционери се согласуваат дека настаните од 27 април не беа тероризам и дека уставобранителите заслужуваат нов судски процес.
-Претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски, плус лидерите на сите опозициони партии бараат слобода за патриотите од 27 април и започнување на нов судски процес.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, исто се согласува со Христијан Мицкоски и опозицијата, дека настаните на 27 април не се тероризам, а притоа и тој како и секој нормален човек прстот го насочува кон највиновниот, „вратарот” Крсте Мукоски!
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, исто се согласува со Христијан Мицкоски, опозицијата и Али Ахмети, дека на 27 април нема тероризам и го предлага тоа што и народот на 25 април го побара, нивна слобода и започнување на нов судски процес!, потенцираше Пандов.