
Турските власти соопштија дека посетителите од 16 земји и региони нема да мора да приложат негативен ПЦР-тест при патување во Турција, јави агенцијата Анадолија.
Министерството за здравство на Турција денеска соопшти дека на листата на земји и региони се наоѓаат Хонг Конг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија, Летонија, Луксембург, Украина и Естонија.
Министерството наведе дека одлуката ќе стапи во сила од 15 мај.