
Иранската полиција во вторникот објави дека ќе отвори истрага за околностите за смртта на швајцарската дипломатка, којашто според првичните информации паднала од висококатница во Техеран.
„Специјалните полициски сили започнаа да ја истражуваат смртта на 51-годишната Швајцарка вработена во швајцарската амбасада во Техеран“, објави иранската полиција.
Според писмената изјава за медиумите на портпаролот на безбедносните сили Моџтаб Каледи, телото на несреќната жена било најдено утрото откако паднало од 17-от кат на зрадата во техеранскиот кварт Камраниех во која живеела.
Швајцарското министерство за надворешни работи потврди дека загинала нивна вреботен, и додаде дека е во конаткт со иранските власти.
„Федералниот оддел за надворешни работи потврди дека вработена во амбасадата на Швајцарија во Техеран загинала во вторникот. Одделот и нејзиониот челник, федералниот советник Игнацио Касис се вознемирени од трагичната смрт и изразуваат длабоко сочувство… Амбададата на Швајцарија е во контакт со локалните власти“, се наведува во соопштението на швајцарското министерство за наворешни работи.
Поради „заштита на приватноста и на податоците“ министерството додава дека не може да открие повеќе информации.
Според иранските и медиумите на Блискиот исток, загинатата жена била на должноста прв секретар на амбасадата на Швајцарија во Техеран. Таа била одговорна за прашањата за застапување на интересите на САД во Иран.
Швајцарија ги застапува американските дипломатски интереси во Иран откако Вашингтон и Техеран ги прекинаа врските, набрзо по Исламската револуција во 1979 година.