
Во Германија, според предлог-законот одобрен од Владата, луѓето кои се вакцинирани со двете дози против ковид-19 повеќе нема да имаат потреба да го почитуваат полицискиот час.
– Исто така, ќе им биде дозволен пристап до продавници и други објекти без да обезбедат негативен ПЦР тест, што во моментов се бара од останатиот дел од населението – изјави министерката за правда Кристин Ламбрехт.
Мерките може да стапат на сила овој викенд доколку бидат одобрени од Парламентот.