Нетанјаху повторно не успеа да формира влада

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира влада и по четвртити парламентарни избори одржани во речиси две години.

Рокот за формирање на новата влада истече во вторникот во 23,59 часот по локално време. Новиот несупех на Нетанјаху можеби ќе можат да го искористат неговите политички противници за да стават крај на неговото владеење, како најдолговечен израелски челник во историјата од формирањето на Државата Израел кон половината на минатиот XX век.

Партијата на Нетанјаху Ликуд доби 30 мандати во Кнесетот (израелскиот парламент) кој има 120 места на изборите кои се одржаа на 23-ти март, четвртите за помалку од две години, а потао ја доби поддршката од ултраортодоксните партии и сојузот на крајната десница, но не успеа да собере мнозинство од 61 мандат.

За да успее да се приближи на оваа бројка, во понеделникот му предложи на Нафтали Бенет, негов поранешен соработник сега лидер на радикално десната партија Јамина, во првата година од новата влада да ја врши премиерската должност. Но некогашниот близок соработник на Нетанјаху ја одби понудата и го обвини Нетанхају дека последните седмици се свртил против неговата партија.

Израел веќе подолго време е во длабока политичка криза, но 71-годишниот Нетанјаху и натаму останува на чело на транзициската влада. Него го очекува и судење за корупција, но тој е упорен во отфрлањето на обвинувањата.

Израелскиот претседател Реувен Ривлин сега треба да го даде мандатот за составување на владата на лидерот на опозицика Јаир Лапид, од центристичката партија Атид. Но политичките коментатори предупредуваат дека тоа неа да биде лесна задача, а не ја отфрлаат можноста и од распишување повторни избори, петтите во две години.