
Инфектологот Вело Марковски и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, покрај медицината, тој на граѓаните им откри и уште еден свој талент – музиката.
Тој ја испеа патриотската песна „Налеј, налеј“, а како што објави на Фејсбук, тоа е неговата прва песна и ја посветува на уставобранителите.
„Поддршка за уставобранителите и сите неправедно затворани со мојата прва испеана песна“, напиша д-р Вело Марковски на својот Фејсбук профил.
Овде може да ја слушнете неговата интерпретација.