
Во средата во 13,50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Долна Бањица и Митрови Крст, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(28) од Долна Бањица, излетало од коловозот, информира МВР.
Во незгодата сопатничката 18-годишната С.А. од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.