
Случајот за 27-ми април еден ден ќе стаса до Стразбур и од таму ќе дојде шлаканицата за македонската држава и судство, бидејќи нема никакви индиции дека ова можеше да претставува сериозно дело кое Обвинителството ќе го процесира, па ќе го доведе до суд и до судска разврска, истакна професорката Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, вечерва во Телма телевизија.
-Тука станува збор за различни групи на луѓе, а процесот беше целосно изманипулиран во тој еден час додека траеше протестот пред Собранието, а протести имаше и за време на шарената револуција, јас го разбирам револтот, актот на влегувањето во Собранието е нешто различно од организирана акција, но Русковска не го доведе во прашање членот 314 за уништување на објекти од поголемо значење за кој е предвидено казна затвор од четири години, вели Василевска.
Василевска вели дека треба да има повторено судење за овој случај.
-Ако ова беше териристичко загрозување на уставен поредок тогаш што беше избор на претседател на Собранието со мобилни телефони за кое и до ден денеска немаме записник, дали тоа не е уставно загрозување-праша Василевска.