Наставник ѝ порача на Царовска: Ароганцијата ве заслепува (ВИДЕО)

Министерката Мила Царовска денеска одби да прими како подарок учебник од 2005 година кој што се обиде да и го даде Игор Здравковски, учител во основното училиште „Никола Карев“ во Кочани.

Наставникот ја пресретна министерката за време на нејзината посета на Кочани и се обиде да и подари учебник од 2005 година но таа одби да го прими лично.

Наставникот ја праша дали Царовска е свесна дека со нејзината реформа прави дискриминација затоа што во неговиот клас има 4 ученици кои немаат услови да ја следат наставата, на што таа рече дека некои деца сега имаат и лаптоп и компјутер и телефон и учебници и дека тоа е поголема дискриминација.

„Мила Царовска очигледно Вашата ароганција Ве заслепува и дури сакате да наметнете мислење дека сега има дискриминација со нелогични примери.

-Дали значи дека е дискриминација тоа што Вашето дете има дрон со камера (за печалба) а моето нема?

Дали е дискриминација тоа што Вашето дете има MacBook а моето нема?

Дали е дискриминација тоа што моето дете им Playstation а Вашето не?

Не! Тоа не е дискриминација, тоа се различни можности на родителите, и различен начин на задоволување на потребите и желбите на децата, но никако не станува збор за дискриминација!

Дали јас сакам да му овозможам на моето дете/Вие на Вашето било што зависи од мене/Вас и моите/Вашите можности, но никако не смеете да кажете дека е дискриминација.

Дискриминација е да им овозможите на едни едно а на други не, а притоа сте обврзани со Уставот на Република Македонија на сите да им овозможите исти услови и еднакво општество за сите“, напиша Здравковски на својот фејсбук профил.