
Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво.
Николоски потенцираше дека во меѓународната политика доаѓаат некои можности, кои доколку не се искористат, тие не се враќаат назад. Според него Зоран Заев одиграл потези кои што не наликуваат на сериозна држава, односно е капитулантска.
Според Николоски, ветувањата на Заев беа дека доколку се промени уставното име и уште низа други работи, Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, но сега гледаме дека тоа не било баш така.
“Зоран Заев лиферуваше со имиња одреден период пред да се донесе ова лошо решение со името. Тој се обиде да ја протне Илинденска Македонија и уште неколку други, се со една цел, да манипулира со јавноста дека датумот е веќе тука и тој е за многу скоро време. Откако виде дека тоа име не поминува кај граѓаните и дека наиде на реакции, тој на страна од политичките партии, донесе одлука за ова име кое сега државата го носи, но уште поголем пораз е тоа што датумот не постои”, вели Николоски.