
Бразилскиот фудбалер Нејмар, потпиша нов богат договор со ПСЖ.
Преговорите меѓу клубот и играчот траеја долго, за на крајот да биде договорена соработка до крајот на јуни 2025 година.
Секоја година од договорот, Нејмар ќе инкасира 30 милини евра, а превидени се и специјални бонуси во случај Парижаните да ја освојат Лига на шампиони.
Нејмар во 2017 го облече дресот на ПСЖ во најголемиот трансфер на сите времиња од 222 милиони евра. До сега имаше 112 настапи и постигнати 85 голови.