
“Добар ден”
“Добар ден”
“Дали ја имате книгата Белото Зборот Што е Забранет од Видое Подгорец”?
Вака актерот Рубенс Муратовски го коментира бришењето на одредени термини од Толковниот речник на македонскиот јазик. Тој е актерот кој го глуми Белото Циганче од познатата серија, направена според романот на Видео Подгорец.
И пред бришењето на терминот „циганче“, Муратовски ја коментираше најавата дека одредени зборови ќе бидат отсранети од речникот.
-Веројатно и “Белото Циганче” е навредлива литература и тв серија. Да не треба да се извинам? – напиша тој.