Во 11 на Школка Вело родео за Денот на Европа

По повод 9 мај, Денот на Европа, Здружението на Граѓани Еко Логик, традиционално и оваа година организира Вело Родео настани кои се одржуваат во рамки на редовните активности на програмата „Вело Училишта‘‘.

Имено, вело родео настаните ќе започнат утре со почеток во 11:00 часот во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, а потоа продолжуваат во Вратница (10.05) и Чешиново Облешево (11.05).

Вело Родео претставува концепт на организирање на настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти.