
Од Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија велат дека сите вакцини против коронавирусот се апсолутно безбедни, за што сведочат и податоците дека досега се забележани само 890 несакани реакции, односно многу помалку од 1 отсто од дадените дози.
– Според вчерашниот извештај имаме само 90 случаи на пријавени несакани реакции. На 3.715.103 дадени дози, тоа е една реакција на 4.174 вакцини, односно 0,00023 отсто. Тоа е навистина исклучително ретко и нема потешки несакани реакции. Само пет пати е евидентирано нешто што би се сметало за посериозен случај, но и тие поминуваа брзо и без трајни последици – изјавил Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија за ТВ Пинк.