Мјанмарската челничка Су Чи на суд на 24-ти мај

Поранешната мјанмарска челничка Аунг Сан Су Чи, обвинета по неколку точки по воениот преврат, првпат би требало да биде изведена пред судот на 24-ти мај, соопшти во понеделникот нејзиниот адвокат.

Су Чи во јавноста не е видена по нејзиното апсење по пучот на почетокот од февраури. Од тогаш е во нејзината резиденција во престолнината Непјидо, а своите авокати ги видела само во текот на кусите видеоконференции под строг надзор на безбедносните сили.

Таква водеоконференција се одржала и во понеделникот, а притоа нејзиниот адвоката Кин Маунг Зав објави дека мјанмарската челничка кој стана меѓународно прифатен симбол на демократијата во оваа земја во југоисточна Азија пред судот ќе се појави на 24-ти мај.

Муанг Зав изјави дека 75-годишната Су Чи му излгедала со „добро здравје“, но додаде дека сѐ уште немал можност да ја сретне во живо.

„Не сме сигурни дека полицијата ќе ни овозможи приватно да разговараме со неа пред сослушувањето“, додаде адвокатот.

Су Чи е обвинета дека не ги почитувала рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот, за илегален увоз на воки-токи, поттикнување немири и кршење на законот за државни тајни кој датира о колонијалните времиња. Обвинета е и дека примила стотици илјади американски долари и злато како мито.

Доколку биде осудена, на Су Чи ќе ѝ биде забрането политичко дејствување и би можело да добие долга затворска казна.

Добитничката на Нобеловата награда за мир од 1991 година нема пристап до информациите, па веројатно не ѝ е познат ниту хаосот во кој Мјанмар западна по воениот преврат, изјави во април еден од нејзините адвокати.

Протестите за ослободување на Су Чи и враќање на демократските институции и натаму резултираат со судири со безбедносните сили. Од февраури во протестите се убиени најмалку 780 цивили, објави мјанмарскот Здружение за помош на политичките затвореници (AAPP).

Војската на Мјанмар на 1-ви февраури ја собори цивилната влада и ја презема власта апсејќи голем број владини функционери. Војската овој потег го оправда со наводно масовно фалсификување на резултатите од општите избори во 2020 година и неподготвеноста на цивилните власти да го истражат тоа.Членовите на привремената воена влада ветија одржување нови парламентарни избори за една година и предавање на власта на партијата којашто ќе победи на нив. Подоцна, воениот портпарол поради безредијата со стотици жртви соопшти дека е донесена одлука изборите да се одржат во рок од две години.

Масовните протести против воените власти се секојдневие во повеќето градови ширум Мјанмар. Повеќе од 70 отсто од државните службеници, вклучително и медицинските работници, се вклучија во кампата на граѓанска непослушност кон властите, напуштајќи ги работните места.

Протестите кои привлекоа десетици илјади луѓе во првите денови на отпорот во големите градови, главно сега се запрени а противниците на превратот почнаа да изведуваат ткн „герилски протести“, односно мали брзи искажувања на отпорот пред безабедносните сили да можат да одговорат на нив.

Сите западните влади го осудија превратот, иако досега имаше малку конкретни активности за спроведување на притисок врз мјанмарските генерали. Советот за безбедност при Обединетите нации побара ослободување на Аунг Су Чи и дригите притворени политичари. Советот на ОН за човекови права на барање на Велика Британија и Европската унија ќе одржи во петок специјално заседание на коешто ќе се дискутира за кризата во Мјанмар.