
Гермaнската биотехнолошка лабораторија „BioNTech“ во понеделникот објави дека смета на ефикасноста на својота вакцина, развиена во соработка со американската фармацевтска копанијата „Pfizer“, кога станува збор за актеулните нови соеви на коронавирусот SARS-CoV-2, додавајќи дека ниедна студија во моментов не покажува дека е потребно да се развие нова формула за вакцината.
„Во овој момент ништо не укажува дека вакцината на BioNTech против Covid-19 е потребно да се пролагоди на новите соеви на вирусот“, соопшти германската лабораторија.
Засега, се додава во соопштението за медиумите, „BioNTech“ е насочен на развојот на „комплетна стратегоја во борбата против соевите доколку во иднина се укаже потреба од тоа“.
Поради тоа лабораторијата во март започнала испитувања на „верзии на вкацината модифицирана специфична за соевите на коронавирусот“, доколку вирусот SARS-CoV-2 значително се промени и би било потребна нова вакцина.
Се испитува, исто така, и ефектот на евентулната трета доза на вакцината на продолжувањето на стекнатиот имунитет и заштита против ноевите соеви.
Генералниот директор на „BioNTech“, Угур Сахин, во април изјави дека нивната вакцина е ефикасна против индискиот сој на коронавирусот.