Боцевски: За справување со корупцијата потребно е и почесто политичко проветрување

Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор во своето гостување во емисијата „Само вистина“ зборуваше за тоа како Македонија треба да се справи со корупцијата и посочи дека при изборот на кандидати на Академијата за судии и обвинители не може да бидат само лица блиски до СДСМ и Заев.

-По мене не треба американската амбасадорка да каже дека има корупција за ние да се свестиме дека имало корупција, на крајот гледаме еве како најкрупниот проект кој ги разбуди сите надежи дека во Македонија ќе се справиме со корупција наречен СЈО како заврши. Тој заврши „спектакуларно“ со една голема срамота за оваа земја и продолжуваат една таква цела серија на срамови. Јас мислам дека справувањето со корупција клучно за тоа не е само правниот систем. Тука сакам да укажам на владеењто на правото, Рашковски е во притвор, се виде дека нешто плеткал со тие софтвери, се се успорува, освен не се успорува изборот на кандидати на Академијата за судии и обвинители која била изместена од институцијата и била ставена на правниот факултет и каде биле избрани деца на судии, на обвинители. Иако Македонија е мала земја, нема никој генетски предиспозиции да биде судија или обвинител. Меѓутоа најдобрите треба да влезат, не можат да бидат сите на списокот, наредени луѓе кои се блиски до СДСМ и Заев. Тоа е едно заради кое не можеме да се справиме со корупцијата, рече Боцевски.

Понатаму во текот на своето готсување Боцевски укажа и на друг сегмент дека Македонија не може да се справи со корупцијата, а тоа е дека е потребно почесто политичко проветрување.

Второто е дека она кое дава најубави резултати за борба против корупцијата е политичко проветрување, тука станува збор за органите на власта, за избраните функционери, додаде тој.