
Египетски посредници работат на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, по речиси два дена ескалирање на насилството.
Според аналитичарите, Израел не е заинтересиран за прекин на борбите се додека не се постигнат одредени воени цели, пишува „Тајмс оф Израел“.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од понеделникот загинале 35 Палестинци, а 233 луѓе се повредени. Од друга страна, пак, Израел наведува дека голем број од убиените биле терористи.