
Повеќето Руси немаат страв од Covid-19 и немаат намера да се вакцинираат против коронавирусот, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот Левада објавени во средата.
Според анкетата спроведена во април, 62 отсто од испотаниците рекел дека не сакаат да се вакцинираат со тогаш и сега најраспространетата вакцина против коронавирусот во земјата „Спутник V“.
Истиот процент имале отпор воопшто кон вакцинирањето и во вефруари, но паднал бројот на оние кои се подготвени да се вакцинираат. Во февруари за вакцинирањето се определиле 30 отсто, а во април во 26 отсто. А 10 отсто рекле дека ја примиле вакцината.
Истовремено, 56 отсто Руси не се плашат од заразата со коронавирусот SARS-CoV-2, исто како и во февраури, но многу повеќе отколку во декември 2020 година, кога 41 отсто рекле дека немаат страв од Covid-19.
Овие податоци се показатели за бавноста на кампањата за имунизација во Русија, иако беше првата земја во светот која одобри вакцина против Covid-19, во август 2020 година.
Русија досега разви четири вакцини против коронавирусот, а наскоро на пазарот треба да дојде и „полесната“ верзија на „Спутник V“, којашто ќе се дава во една доза.
Русија, којашто има околу 146 милиони жители, досега вакцинирала со двете дози 10 милиони луѓе, а првата доза 14 милиони.
Според статистичкото биро Росстат, од почетокот на пандемијата во земјата од Covid-19 починале 250.000 животи.