САД ја отстрануваат кинеска „Xiaomi“ од црната листа

Американското министерство за одбрана ќе ја отстрани од владината црна листа кинеската технолошка компанија „Xiaomi“, покажуваат судските акти, поради што се отвора простор за идните американски инвестиции во овој еден од поголемите светски производители на паметни телефони.

Во судските документии кои на увид ги имала агенцијата Reuters, било наведено дека двете страни ќе се договорат дека ќе ја решат постојната парница без дополнителни спорови, поради што треба да биде завршен кусиот и контроверзен спор меѓу компанијата и САД.

Од „Xiaomi“ не одговориле веднаш на барањето за коментар. Меѓутоа, откако вестите за одлуката се проширила во медиумите, акциите на компанијата скокнаа на берзата во Хонгконг за 6 отсто.

Претходно американското министерство за одбрана, во мандатот на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, прогласи дека компанијата е поврзана со кинеската војска, па затоа е ставена на листата која оневозможува американски вложувања во оваа компанија.

Тогаш „Xiaomi“ брзо одговори со подигнување тужба против американската влада, оценувајќи го тој потег „незаконски и неуставен“, и истовремено негираа секакви врски со кинеската армија.

Во март годинава, на почетокот на мандатот на администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, сојузниот судија провремено го блокираше активитрањето на црната листа.