
Финалето во фудбалската Лига на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челзи коешто требаше да се игра на 29-ти мај е преселено од Истабнул во Порто за да им се овозможи на англиските навивачи да патуваат, имајќи ги предвид ограничувањето поврзани со пандемијата на Covid-19, објави во четвртокот УЕФА.
Финалето требаше да се одигра во Истанбул на олимпискиот стадион „Ататурк“, но Турција се наоѓа на британската „црвена лсита“ за патувања на нејзините државјани, што значи дека натпреварот не можеа да го следат во живо англиските навивачи. Сега, според одлуката на УЕФА, натпреварот ќе се одржи на стадионот „Естадио до Драгао“.
УЕФА додава дека секој од двата англиски клуба ќе добие по 6.000 влезници кои би требало да бидат пуштени во продажба веќе во четвртокот. Конечниот број на гледачите кои ќе можат од трибините да го следат дуелот сѐ уште официјално не е потврден.
Претходно се дискутирало и за тоа финалето да биде преселено на лондонскиот стадион „Вембли“, но УЕФА објави дека и поркај „исцрпните напор на (англискиот) фудбалски сојуз и властите, не било можно да се постигнат потребните изземања од крантинските прописи во Велика Британија“.
„Мислам дека сите можеме да се согласиме дека се надеваме дека никогаш нема да доживееме сезона како оваа која штотуку ја минавме“, изјави претседателот на УЕФА, Алескандр Чеферин.
„Навивачите мораа да чекаат повеќе од дванаесет месци без можност да ги видат своите тимови во живо, а пласманот во финалето на Лигата на шампионите е врвот на клупскиот фудбал. Не беше опција да бидат лишени навивачите од шансата да го видат натпреварот и пресреќен сум што е пронајден овој компромис“, додаде Чеферин.
Португалила од 17-ти мај ќе биде ставена на „зелената листа“ на владата на Велика Британија, што значи дека навивачите на англиските клубови ќе можат слободни да патуваат на мечот.