
Италијанската полиција изминатата ноќ упаднала на роденденската забава на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, во хотел во центарот на Милано поради кршење на ковид-прописите.
Пиолицијата влегла во миланскиот хотел во раните утрински часови во четвртокот и откриле дваесетина лица во реторанот, наведува агенцијата Ansa, додавајќи дека домаќинот на забавата бил Лукаку кој го славел својот 28-ми роденден кој е во четврток.
Според ковид-прописите во Милано е на сила полициски час и тоа од периодот од 22 часот до 5 часот утрото, а за кршењето се одредени казни.
Лукаку беше стрелец на погодок во последната минута за Интер во победата до 3:1 против Рома во Милано, неколку часа порано.