18.8 C
Skopje
недела, март 9, 2025

Нема придобивка од предвидените реформи во образованието, туку само проблеми

Единствениот пат кога ние се сретнавме со министерката е една собраниска расправа, мислам дека и е позната на јавноста, кога на едната страна беа творците на концепцијата и министерката, а на другата страна беа дел од ВМРО-ДПМНЕ и стручната јавност во Македонија. За жал таа собраниска седница која беше прекрасна каде што имаше аргументи, каде што можеше да се слушнат многу убави идеи, и критики се разбира, конструктивни, остана без заклучоци, за тоа што не можеме да се усогласиме односно министерката упорно смета дека концепцијата и реформите кои ги спроведува ќе бидат успешни, а ние аргументирано тврдиме дека не можат да бидат успешни“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Јаневска додаде дека реформите на Царовска не само што нема да бидат успешни туку ќе придонесат до поголем проблем во образованието и до послаб успех на учениците, а наставниците ќе бидат бескрајно измачени.

„Творци на реформите на Царовска се група на луѓе од Бирото за развој на образованието и група на професори кои според мене барем јас така разбрав се арбитрабно избрани, значи министерката смета дека треба нив да ги избере, и таа на таа седница кажа дека тие имаат искуство“, појасни Јаневска.

Јаневска посочи дека проблемот не е само што луѓето се нетранспаретно избрани, туку не се слуша гласот на стручната јавност и на граѓаните.